За нивниот живот не мора и нас да нѐ боли глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие само се смеат. - Зошто да нѐ боли, ми велат, одошто да нѐ боли, се кикотат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Азра моја, немој да жалиш за ништо што поминало, а на двете ни тежело, нѐ болело.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но од тие каприци не него, а нас Македонците ќе нѐ боли главата, како што и нѐ боли веќе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Питон: Што нѐ боли уво што ќе бидеме кукавици?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Нозете секогаш нѐ болеа. Мене секогаш ме болеле нозете.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Јадевме само жива пченка, вели, влеговме во една нива и накршивме кочани пченка, вели, и после нѐ болеше многу срце. Нѐ свитка мевот од бола, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Слушаме радио, читаме весник, а таму куп информации за несреќи во светот, за глад, за немаштија, за војни, за ропство, за земјотреси, за поплави, а нас сето тоа нѐ растажува, нѐ боли.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)