- Прашувам, ја ниша старицата забрадената глава. - Од нив сум. Нѐ бараш?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сигурно долго нѐ бараше, трагајќи по својот излез, сите тие ноќи во Шинјуку.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ја преврзуваме Струма Количовска, а таа само нѐ бара.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Но сега те молиме врати нѐ пак на Земјата. Снежана ќе се разбуди и ќе нѐ бара.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Баба ми се вратила од реката и нѐ барала насекаде.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И ние како волци се криеме по овие наши ридишта. Нѐ бараа потукум и нас, но не се прибравме, a не тргнавме тогаш ние со нив макар Јордан да нѐ канеше да одиме во Бугарија, да сме се одмориле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега знам дека нѐ бараше нас, или некој сличен на нас.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)