ништо (зам.) - од (предл.)

Се мразам што не знам ни штекер да сменам и ништо од пенкало потешко да кревам се мразам себеси што самиот се мразам а дупло би се мразел ако сам се сакам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Поминаа месец, 2, 5, 7 и ништо од него не излезе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но на тие иронии еве со што јас ќе одговорам: Не е вистина кажувањето дека не ќе излезе ништо од усилбите на Русија и Австро-Унгарија да се уредат работите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За вековите на капитализмот се сметаше дека не создале ништо од вредност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Селаните ништо од нив не бараа. Едноставно не разбираа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Што ќе јаде, што ќе облече? Од гледање не може да се најаде. А, а, ништо од тоа нема да биде!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ништо од јадењево наше, ќе рече Оливера, туку ај, да запалиме по една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо од ништо не гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо од рублите за натфрлените норми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бадијала! Ништо од тоа!? Само болката стануваше поинтензивна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И други години имало снег, но ништо од училиштето не можеше да ја оттргне детската врева.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ништо од сето она што ни се чинеше идеал, свето, апостолско - не остана чисто, неизвалкано...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„- Ах не, нема ништо од тоа: бадијала работа и залудно трошење пари,“ рече Петрович и Акакиј Акакиевич по овие зборови излезе сосема сотрен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пребаруваат: - Камо чорба, викаа и ништо од чорбата, ако не цапа во неа петел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)