Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имало и некој Бугарин од робијашите, па тој ништо не јадел, ништо в срце не клавал, вели. Само офкал за Бугарија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Знам, вели Витомир, децата се прават без панталони, вели, ама оној што нема ништо в панталони, нема ни деца, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)