Имаа различен стил на облекување: Дејвид беше сиот во црно, а Мик во светло еднобојно одело со многу тесни панталони, и T-shirt со линии, сосема обична спортска облека од Карнаби стрит, ништо посебно скапо, но начинот на кој ја комбинираше облеката беше фантастичен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А таа: “баш е сладок”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова е праисторија, бидејќи тогаш никој во Америка не знаеше за Стоунси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И никој во градот не знае рано утро ли е или доцна попладне. Последниот градски часовничар вчера станал кафеанџија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мора да се признае дека и овој начин може да биде ефективен доколку немате никој во вашата близина па навреме да ве спаси:)
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ми правеше впечаток во Париз дека никој во никого не се загледува, особено тоа не се прави спрема женскиот свет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Никој во анот не знаеше што редеше Панде.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Младичот се напна да потрча, но како да беше прилепен со корења за камената почва; почна да вика – никој во толпата што се обликуваше во круг, не го слушаше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, бадијала зборувам кога никој во куќава не ме слуша.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веднаш потоа дедо ми ќе му речеше на тате: - Да не беше, никој во кафето ракија немаше да тура...
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Само молчеше и суво кашлаше и никој во куќата не му ги знаеше ни мислите ни страстите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беше задоволна што немаше никој во куќата да го види нејзиниот страв.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Си мислев дека никој во класот не ме сака.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Никој во разговорот не одеше подалеку од опсесивната тема- литературата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Зошто патните торби не ме асоцираат на патувања туку на заминувања засекогаш, а никој во мојот живот не заминал, не отпатувал... само побегнал?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
3. Никој во Македонија не гледаше натпревар, туку утакмица или едноставно фудбал.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Поголемиот број од нив не се занимавале со конспиративна дејност, меѓутоа, имало и такви што биле сомнителни, но никој во нив не се посомневал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се повлекуваме со забрзан марш, што се вели, никој во никого не гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јадранка продолжи да го вози овој филм, иако никој во автобусот не можеше да го забележи тоа.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Таа се шегуваше зашто никој во црковната лига не се лизгаше - дечките беа премногу стари, сталожени - и покрај тоа, Дејв носеше кратки пантолони.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не прочитал никој во црковните книги дека дедо му на мојот дедо живеел со мечка во пештера.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И не верувај дека ќе ме сотре натема. Рано е да се подгрбавам под клетви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
4 Пред поаѓање не знаеле дека патем ќе ги следи нечујно и со замрзнат здив непознато чудовиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никогаш никој во животот не бил толку сотиран да умира во страв од нешто што не видел и што не сонил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откај дојдоа и зошто толку многу, никој во градот не можеше да си објасни.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Никој веќе со никого не тргуваше, никој во никого не веруваше, ѕидот беше повисок отсекогаш.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нѐ разбудија тие вознемирени, страшни гласови. Никој во спалните не спиеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но, како што минуваше времето, ѝ стануваше сè потопло и потопло, а потоа сè постудено и постудено, па на крајот си го облече палтенцето, иако никој во одделението не седеше со палто на час.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сиот скиснат се враќаше во соба и се обидуваше барем уште еден час да поспие, но срцето му биеше во ушите секој пат кога ќе ја ставеше главата врз перницата и уште долго време или скоро воопшто не можеше да заспие.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се договоривме на почеток на година дека нема седење на час со палто.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Среќа, немаше никој во ходникот и се чинеше како сите да спијат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Одеднаш престанала да ги распознава луѓето околу себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеби причина за тоа била смртта на нејзиниот сопруг, но кога лудилото е во прашање, никој во ништо не може да биде сигурен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но никој во семејството, а уште помалку во Козар маало, не знаеше за овие книги за козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Никој во него не може да се сомнева.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Никој во градот не знае да објасни како се случи коледарските огнови од сусерка и од слама да се заменат со асли клади од огревно дрво околу кои, додека горат, а горат ли, горат се играат ора и се приредуваат новокомпонирани гозби и веселби.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Кога ќе немаше никој во паркот, тие седеа на клупата, таа го вадеше огледалцето, се огледуваше и му даваше и нему да се огледува, се чешлаше со чешлето, а понекогаш се чешлаа заемно: таа го чешлаше него, тој неа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ти го гледав огледалото кое го носеше секаде, ама не и знамињата. – И не можеше да го видиш, како и никој во куќата, го чував во ковчегот со чеизот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еби му мајката, велам, во војно време никој во никого не верува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Била вчудовидена, тоа да, но никогаш никој во животот не ја повредил, та затоа не се плашела од никого, а да видиш крилест човек, па тоа е толку интересно, таа била горда што го сретнала.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)