никој (зам.) - случај (имн.)

Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас видов што се случи но во никој случај не би се дрзнал да бидам сведок на тоа што го видов.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но едно нешто е сигурно: ако нашата пракса со електронските мемории (овие сé уште примитивни симулации на нашата церебрална функција) нé принудува да се откажеме од нашата идеологија во поглед на идентитетот тогаш нашата позиција на негативна ентропија (нашата ег-зистенција) во никој случај нема да биде “десакрализирана”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Посебно се потенцирало дека во никој случај “не треба на партизаните да им се даде кој било дел од безжичната опрема“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така на членовите на мисијата Bethesda им било потенцирано “партизаните во никој случај не треба да знаат за вашите истражувања“.371 Имајќи ги предвид настаните во Грција по британската интервенција на 4 декември 1944 година британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин во радиограмата до мисијата Bethesda во Македонија барала “имајќи ја предвид сегашната сериозна ситуација во Грција, Министерството за надворешни работи многу е вознемирено и бара да останете.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При повлекувањето на британските воени мисии им била издадена наредба “со себе да ја понесат комплетната безжична опрема која во никој случај не треба да им биде дадена на партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ова парче хартија, во никој случај, не смее да падне во негови раце.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Важно, Стрела е жива и знае дека во никој случај, дури и по цена на сопствениот живот, нема да ја прати во челустите на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оттаму некој речник на таканаречените синоними може да го даде совршен како синоним за идеален или возило како синоним за превоз но во никој случај не може да се каже дека постои комплетна еквивалентност, бидејќи секоја единица во себе содржи множество од непреносливи асоцијации и конотации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прашањето постојано, како тапа што во никој случај не попушта да потоне во водата, испливуваше на површината, сѐ поубедливо покажувајќи ја својата непокорност на волјата на човекот, па макар тој да е и самиот Ајнштајн.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Братучед ми Марко, на пример, воопшто не скри дека расплетот во никој случај не би можел да го погоди.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во никој случај јас за тие, од мене утврдени нивни заеднички особини, не би ставил рака во оган бидејќи ми беше сосема јасно дека ни бројот на примерите е доволен, широко зафатен ниту, пак, описите беа најцелосни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, сепак, најлошо по ова мое несреќно сведочење е тоа што јас, иако сум уверен во тоа што го видов, во никој случај не би решил да прифатам да бидам сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А и разгаленката Ели, во никој случај нема да сака да се оддели од тоа топло местенце во скутот на мама, што и мене толку добро ми е познато, и за кое дури по малку ѝ завидував на Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа состојба на измената стварност во никој случај не треба да се посматра како чудо, зашто чудото е отаде стварноста и вистинитоста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таквиот простор, таквата игра, можеби зависи од присутноста на голем број на богови, но во никој случај, според моите видувања, не зависи од бројот на луѓето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За социјално опасно ќе се смета она, за што луѓето не ќе сакаат да се зборува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа, бившите луѓе на службите за државна безбедност ќе следат ништо и во никој случај да не остане неискажано.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И повторно, сама на себе си даваше кураж: „Не, не, во никој случај не смеам да бидам...“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Според Саркањац, пасивната страна на идеологијата (идеологијата сфатена како духовен израз на една општествена ситуација, како “дух на времето”, како “одраз, отслик на објективната 107 стварност”, “историски определен рефлекс на стварноста”, како систем на идеи кој го изразува светогледот на една определена група на луѓе), и активната страна на идеологијата (“нејзиниот платоновско-хегеловски карактер на систем на идеи кој законите на умот сака да ѝ ги наметне на општествената стварност”, идеологија која “секогаш понудува (или принудува на) определена цел”) , во никој случај не треба да се мешаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Политиката на спречување на наркоманијата која е заснована на солидарност би се борела за сведување на последиците од уживање на јаките дроги по општеството и по поединецот на поради намалување на штетните последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до законските мерки, тие треба помалку да ги применуваат на уживателите а многу повеќе на трговците. Легализацијата на продажбата на јаки дроги во никој случај не би смеела да се дозволи со образложение дека трошоците од социјалната и здравствена заштита, како и од општествената солидарност, не се прифатливи од морално и практично гледиште.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најзначаен дел во првата глава е истакнувањето на двата суштествени моменти на идеологијата, за кои авторот смета дека или се мешаат или бидуваат занемарени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но во никој случај со неговите некогашни средства, одговори Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тројцата играчи можеа да очекуваат секаков четврти играч за покер, но ваков во никој случај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На овие зборови можеше да им се надоврзат синоними кои би го надополнувале значењето, во никој случај да не бидат со декрет избришани во било кој балкански јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По казна го праќаа во 17. бригада како прост војник, а тој имаше завршено правен факултет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му ја барале облеката и пиштолот, а тој во никој случај не ги давал. Замина во 17. бригадата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако задачата еднаш беше извршена, во никој случај не би било можно да се докаже дека било извршено какво и да е фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најлошо од сѐ беше тоа што работата во никој случај не беше механичка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја разбирав вознемиреноста на Ема која не можеше да си објасни на кој начин во домот на госпоѓа Мариела се нашол Практикумот за борба против трговија со луѓе и нелегалната миграција кој во официјалните документи е заведен под строго доверливо и, како материјал за интерна употреба, во никој случај не смее да излезе надвор од службените простории.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е празник на мајка ми и јас во никој случај немам намера да ѝ го расипувам тоа задоволство заради некакви привиденија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нели не ја препозна иронијата кога ти тврдеа: границите нема да се менуваат во никој случај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во телеграмата, и во овој случај, многу внимателно се истакнувало "дека таа одлука во никој случај НЕ Е насочена против Вас или Вашата мисија, туку е преземена од причини што немаат никаква врска со Вас или што се поврзани со Вас.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу припадниците на изолационистите, иако меѓу нив имало и доста чесни и патриотски настроени Американци, свое место нашле и го подржувале Комитетот и извесен број реакционерни елементи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓувреме, Британците примиле итна телеграма од Бејли во која се нагласувало "дека за успехот на мисијата на мајорот Тејлор би требало да се искористат Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, и покрај тоа што ова може да подејствува разочарувачки за Вас, треба да ги имате предвид горните забелешки, а НЕ пов/торувам/ НЕ како навреда.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изолационистите, спротивно, тврделе дека Хитлер никогаш не ќе може да ги зацврсти своите победи и заземени територии, па дури тој и да победи ќе може со него да се направи договор, но во никој случај, според нив, САД нема да дојдат во опасност да бидат нападнати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Б: Но има многу луѓе, како што се Кристијан Волф и Фредерик Рцевски, кои прават нешто што би можело да се нарече „политичка“ музика: како Кристијан во правецот на либерален социјализам. К: Јас тоа не би го правел на тој начин... тоа не би го правел во никој случај... Б: Не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја плаши помислата дека не ќе успее да го вдене конецот пред што таа во никој случај не може да стане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кирков, како и Орцето, во никој случај не сакал да се фотографира, Молбите на домашните да им испрати барем една фотографија за да ја имаат за спомен во куќата, не успеале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите овие спомнати динамитни акции претставувале извесна новина за турските власти, но во никој случај не ги навестувале солунските настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се копало со длето и лопатка. Копач во никој случај не смеело да се употребува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите во никој случај сега не сакале да дозволат да се случи тоа што се случило со каналот во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не сум била во тие краеви, па мислев, ако ги опишува, ако ти раскажува за градот, за луѓето, би било интересно да се прочита.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Во никој случај – рече таа – ама мислев, ако ти ми дозволиш, баш сум љубопитна, не се добиваат секојдневно писма од Алма Ата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)