Мацко чекаше да му дадат ужина, чекаше ручек, но никој ништо не му даваше за јадење.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И никој ништо не може да смени, без нејзина волја, од нејзиниот праг, до нејзината ќерамида.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако сакаш цела ноќ остави ја вратата отворена и спи, никој ништо не ти гиба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Старчето се грчеше меѓу нивните нозе и ми личеше на осакатен јазовец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никој ништо не знае за него, а Танаско, го знаеш, се мајтапи, вели не барај го, видов кога летна на веленцето вели, одел да поседи со него таму, на прагот... и не го стигнал, од пред очи му се кренал и побегнал на кај шарката каде што умирал денот!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Никој ништо не зборува, Риса само ги раширува рацете и во нив се пикнува Сотирчо, додека Трифун исто е откачен од менгемето на татко му, ама како да не ги гледа раширените раце на мајка си, се врти, гледа што се случува околу нив.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Никој ништо не зборуваше, по запирањето на моторите од џиповите, се спушти дебела тишина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но свршија ли часовите, тогаш сѐ е поинаку. . . Никој ништо не ни може.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Аерозагаденост. За оваа црна точка сред град никој ништо не рече, а кој да знае уште колку црни точки има.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Офицерот почна да брои на германски: - Ајн минутен, цвај, драј, фир, финф!* - но и сега никој ништо не рече.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Сега и јас не гледам, му велам, сега е ноќ и никој ништо не гледа, - Е, фала ти што ми кажа, вели журчанчето, значи сега сме исто несреќни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Никој ништо не зборува, а се гледа дека секој сака да праша дали и в црква може да влезе болеста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)