никој (зам.) - неа (зам.)

Некако многу му се налути на татко ни во последните години од животот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секоја вечер четириесетина стражари и вратари ја затвораа вратата и сѐ до зори вардеа, така што никој не можеше да се префрли одовде ни од едната, ни од другата страна на брегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ти, дали веруваш? – Јас, мили мој, не сум толку учена да можам да посочам философски докази за постоењето на Севишниот. – Имаш право, никој не успеал во тоа, сите учења на човека не се доволни за тоа. – Но јас, сепак, верувам во нешто. – Во што веруваш, мила? – Верувам во чинови на храброст или на верба, кога ќе се соочиме со безнадежноста. – И тогаш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поседов малку и пак си отидов дома, сфаќајќи дека никој не може да ми ја намали болката, ни Марина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никој неа не можеше да ја разубеди во тоа. Еве и сега се случува истото!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во разменетите погледи коишто никој не можеше да ги контролира имаше сигурно порака што ја негираше реторичката, диригираната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)