Гледаш како живееме ние слободно? Не се плашиме ни од Адема, ни од најлошиот Турчин, само да ни излезе пред пушка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)