Во сонот, вујко ѝ вели: Сестро мила, ние секогаш верувавме дека среќата ни е сал во заминувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не е важно што ретко се гледаме, ние секогаш сме многу блиски, исто како да сме секој ден заедно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Така тврди мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На дванаесет години, не подоцна, требаше да те зграпчам и асално да те затворам! Ах да! Не подоцна!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ние дртите идиоти! секогаш кутрите будали! Ние секогаш!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На дванаесет години, ме слушаш!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Образованието негува стеснетост на умот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На некој начин ние секогаш сме добивале удари поради нашите идеи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И така секогаш, било пролет или лете, есен или зиме, по големата караница меѓу Тито и Сталин, ние секогаш мислевме и чувствувавме дека ги шетаме козите последен пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние секогаш го имавме впечатокот дека јадеме нешто друго, а тоа секогаш беше истото шарено тесто на нашата сиромаштија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)