ние (зам.) - постојано (прил.)

Брајант во својата мошне позната ’Митологија’ спомнува сличен извор на заблуда, кога вели дека ’иако не им веруваме на паганските басни, ние постојано забораваме и изведуваме заклучоци од нив како да станува збор за постојни вистини’.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А постоеше и уште еден проблем - секогаш кога ќе застаневме, застануваше и комбето, мислам, буквално застануваше и никако не можевме да го придвижиме повторно, бидејќи никој не знаеше ништо за автомобилите и останатото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вие добро знаете дека ние постојано велиме дека ги пренесе сиџилите од Битола во Скопје, што е послабо од - ги повлече, како што е напишано во предлогот за одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така, ние постојано едриме од минатото во иднината при што нашите претходни искуства ни претходат - осветлувајќи го и организирајќи го начинот на којшто врз нас ќе се манифестираат следните настани. 4.2. Kant и Kelly: дали Rychlack е во право?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во некој „хамбургер драјв-ин” имавме мали проблеми со законот, бидејќи келнерката потполно збудале зашто ние постојано ги менувавме порачките и таа мораше да му се пожали на еден претстав­ ник на законот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ЈАКОВ: На слободата треба да се сетиш. Ние постојано ја забораваме, и сѐ некој друг ни е виновен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Еве, земи не нас во Драмски и рече, гестикулирајќи со раката,ние постојано сме во бифето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)