ние (зам.) - после (прил.)

Се тепаат луѓето, како што се тепавме ние после.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас давам пример, не мора тој да оди, нека каже дека сака, па ние после ќе го задржиме. И што прави тука?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)