ние (зам.) - овде (прил.)

Таман сме си ние овде со дедот Петка: маските, нека ни се живи, ќе не однесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го — агата се напрчил!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, кој знае, баси го, да ли ќе го препрчиме; како ногу корен ватил! — се јави пак некој скептик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сето тоа го снимаа телевизиските камери, а ние овде гледавме директен пренос спрема кој очигледно некоја банда одметници, разбојници и терористи напаѓаа голораки деца, жени и старци што сите се згрозувавме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Речено е веќе, а ние овде ќе треба само да го повториме тоа Стојан Христов на тој начин ја понесе славата на Македонија низ Америка. Навистина, тоа не е малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Битно е што мислиме ние, и како ние овде ќе живееме.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ама умрениов човек е наш и на нашиот господ, со душа и срце е наш, тоа ви го велиме сите ние овде собрани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде, напите се вие мажи уште по една, тааа... ние овде не можеме да ги ујдисаме работите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Аман мори, сестро, убав женски свет имаме ние овде; гледај ги сиве се убави како гулаби, и, после, како да не дојдеш овде свое да си земеш?!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ова ти е да си пукнеш од мака! Ивана го шета светот и била дури во Дизниленд, а ние овде од дома до Млечен, од Млечен на „Плава”, од „Плава” на скали пред влез.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете што правиме ние. Баш ѝ завидувам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вие сте космос, како и јас, ние овде сме четири космоси. А милиони други се околу нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја да ја слушнеме сите ние овдека па да ти поверуваме – го праша кадијата раскажувачот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа ние овде секоја вечер правиме по една свадба.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- А јас? А јас? - А ние овде, што не нѐ гледаш ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- А ние овде, што не не гледаш ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ние овде среќно сме живееле, без науката од тие твои книги. Бери ум сине, ах сине...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
“Плукам на вашата радост, а само вие ми се чини, овде сé знаете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кажете ми, како прво, јас од вчерашниот ден се чудам, како тоа ние овде да разговараме?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)