ние (зам.) - никогаш (прил.)

Лок се откажува од поимот за супстанција, Беркли ја отфрла материјата, а Кант смета дека ние никогаш не го гледаме светот каков што „навистина“ е.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Останатите модернисти исто така сакаат да ги идентификуваат и да ги стават под прашање нашите најосновни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали таа содржи какво и да е експериментално расудување за фактичките прашања и постоењето? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, ние никогаш не правиме пробив на обрачот од зборови кон кралството на врвните значења.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова проткајување резултира со тоа што секој елемент - фонема или графема - е конституиран врз основа на трагата во него на останатите елементи од ланецот на системот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ако би го побарале значењето на овие зборови ние само би добиле повеќе зборови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние не го уништуваме еретикот затоа што ни дава отпор: сѐ додека ни дава отпор, ние никогаш не го уништуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко на крајот мораше да повика на компромис: Ако вака продолжиме ние никогаш нема да излеземе од маѓепсаниот круг на поимот јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го обземаше тага, меланхолија кога ќе го навасаше помислата дека никогаш повеќе нема да ги види, сите блиски, од мајка и браќа, сестри, внуци, поширока рода, без кои се осиромашуваше смислата на неговото и нашето постоење и дека ќе заврши животот, а ние никогаш нема да ги видиме, да ги запознаеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Врз база на ова, Rychlack заклучува дека компјутерите никогаш нема да размислуваат со предикација - значи, со биполарна опозиција, и така ние никогаш нема да можеме да го користиме моделот на Kelly во вештачката интелигенција или во литературата за процесирање на информации.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можеби ние никогаш не сме биле верници кои го почитувале Светото писмо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
До тој ден некако и може да се следи по нешто од животот на Рубина Фаин, а ние никогаш не ќе знаеме како изгледала таа тогаш во бегството од Стамбол, пред тоа или по тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога акцијата била готова, и патниците претоварени во чамците за спасување, тој со задовослтво констатирал: “Јас во душата си се радував што целиот пароброд ќе изгори и што нема да има ниту една човечка жртва, зашто со својата акција ние никогаш не сме се стремеле да даваме човечки жртви, уште повеќе кога се знае дека патниците во паробродот се невини по однос на нашата - македонската кауза“123.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Немој да се навредиш, ибн Тајко“, потфрли најпосле претпазливо Марин Крусиќ, „ти, се разбира, не си ни најмалку виновен за тоа, но ние никогаш не би дозволиле да попаднеме под ропство како вас. Никогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се покажа, најпосле, дека ние никогаш не сме се соединиле во целост со Борко, нашето соединување било само моја илузија на соединување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Крстен е, повторил и Онисифор Проказник. - Ние никогаш не сме ги палеле мртвите. Изделкајте крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„А пушкава, чија е?“ „Ние никогаш не сме имале пушки“, со притаен глас рече Онисифор Проказник но веќе сите знаевме чија била таа пушка и чија била пак по смртта на вистинскиот стопан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сетете се, околу Ѓурѓовден по гробиштата селски лазат змии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вие значи морално бевте со него? - запрашав неочекувано.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дарвиш веднаш категорично прифати: - Се разбира, ние никогаш не го напуштивме Арафат, само не сакавме да го споделиме неговото гарантирано, ветено враќање во неветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дерида го претпочита терминот “регулирана трансформација” наместо преведување, бидејќи тој смета дека ние никогаш не ќе имаме транспорт на чисти означени од еден јазик на друг: Разликата никогаш не е чиста, ниту пак такво е преведувањето, и наместо поимот за преведување ние треба да го супституираме поимот за трансформација: една регулирана трнсформација на еден јазик со друг, на еден текст со друг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Парадоксално, ние никогаш не сме сигурни во тоа, се чини дека задоволството на другиот е помалку неизвесно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да не беа козите, ние никогаш не ќе стигневме овде, да ви се придружиме, да станеме заедно работничка класа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Помеѓу сите нас, живите, имаше по некое братче или сестриче што ни го одзела смртта и ние никогаш не можевме да го прежалиме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така си верувавме, но и ние никогаш не ја прашувавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)