ние (зам.) - надвор (прил.)

Значи, ние сметавме дека тие се надвор, а ние внатре; тие пак, Луција и нејзината партија, Фискултурецот и, подоцна Земанек, нѐ сметаа за еден вид отпадници од општеството, речиси чудаци, и сметаа дека тие се внатре, а ние надвор од општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тргаме од шишето ракија, црпиме со кофа вода од чунот; брановите фрлаат внатре, ние фрламе надвор; тие внатре - ние надвор; тие внатре - ние надвор; прашањето е само - кој е побрз.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Не може, не е ова отел, барајте си на друго место. - Како не може, - се спротиви подофицерот. - Значи ние надвор да останеме? Ќе нѐ пуштиш и ќе играш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)