ние (зам.) - навистина (прил.)

Ние навистина веруваме дека на Македонија, во потрагата кон една сериозна, длабока (и во длабочина и широчина) и коресподентна со светот култура, ѝ претстои широко премерување и проблематизирање на сите досегашни вредности (не затоа што го променивме политичкиот систем туку затоа што тоа е перманентна задача на било која култура: проблематизирање и чување!) Ако има помош - пеки, супер!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние навистина веруваме во концептот за Отворено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додека медитиравме на она сум, значи постојам, ние навистина, и бевме, и постоевме, во тоа што го работевме и го живеевме. Сега сѐ е поинаку.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И продолжува, а ние навистина имаме причини да се згрозиме над таквата потврда на Кирхер: “Она тајното поседува одредени божествени особини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И ние навистина насобравме една саара долга колку една оптегната фортома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но тоа го открив многу подоцна, а во тој момент сè уште имав прилично надеж и храброста не ме беше сосем напуштила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бевме блиску и ние навистина бевме две девојчиња, сами и изгубени во големата и страшна шума.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ние навистина бевме соседи во родниот град а сограѓани па дури и соседи овде, во престолнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Убаво рековте: ние навистина трагаме по невиност ослободена од предрасуди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)