ние (зам.) - како (прил.)

- Ех- рече дедо ми. – Ние како волкот: сами си ја свршивме работата. - Ама нешто и научивте- рече Едо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со отворањето на „Фондации нанадежни граѓани”, т.е. сперма, би се спасила и интелектуалната елита во светот, односно ние како потомци на Александар Македонски мислам дека и културолошки би дале придонес во развојот на светската цивилизација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Долу, под наши очи течеа бледомодрикавите или жолтозеленикавите води на реката, а ние како да се наоѓавме на катарката на бродот кој пловеше во времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)