ние (зам.) - по (предл.)

Ама тргнавме и ние по колата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеме ли ние по тоа да ја обвинуваме Русија во неискреност и поддупување? Зошто тогаш да ѝ се лутиме на Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Приоѓајќи до масата, ние велиме: ова е масата, а не јас и затоа, еве ти! - и трес со дланката по масата, а масата напола, а ние по половинките, а половинките во прав, а ние по правот, а правот кај нас во уста, а ние велиме: ова е прав, а не јас - и трес по правот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, Париз е центар на светската висока мода и на овој начин и ние по малку, преку Г-ѓа Перуниќ го почувствувавме тој воздух, барем малку, за момент...јас се извинувам, но сега морам да одам, веќе е многу доцна, мајка ми сигурно веќе ме мисли.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Најстариот брат прв се созеде, стана и дотрча до поштарот. А потем и ние по него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дедо оди напред, а ние по него. Бааги народ дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)