ние (зам.) - во (предл.)

Директорот, откако дозна дека е тужен, не беше воопшто засегнат, затоа што и доколку го изгубеше судскиот спор, бидејќи станува збор за државно претпријатие, обесштетувањето немаше да го дава лично тој од сопствен џеб, туку самото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Ристески, вака се однесуваат директорите во скоро сите 48 јавни претпријатија – а ние во потполност се согласуваме со ваквата констатација која досега и емпириски е потврдена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Белки ќе успееме и ние во Македонија да се ослободиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Наскоро, во 1894 година, се разнесе веста дека јункерите, кои завршуваат таа година училиште, ќе бидат подоцна произведени во офицери, за да се заштедат пари во буџетот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше многу одлучна кога бевме ние во прашање. Ништо не ја колебаше нашата мајка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зошто не ги напаѓаа бродвејските мјузикли во кои, во една претстава, имаше повеќе педери отколку во цел Фектори?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мислам, зошто не напаѓаа токму нас?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако тие напади би биле напишани на паметен и духовит начин, тогаш сите ние во Фектори би ги читале со нескриено задоволство, но ако некој би ги пишувал од „морално гледиште”, навистина би бил погоден.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во меѓувреме, ние во Фектори станавме мета на многу агресивните напади заради дрогата и хомосексуалноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така, ние во Франкфурт ги градиме двете највисоки згради.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој мошне уверливо го образложува своето стојалиште, а нашата студија покажува дека ние во ниеден случај не би ја оспориле креативноста на семиотичкото читање на Бартелмиевата проза.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А ние во нив баравме баш доказ на отпорност, потсвесна побуна на живото чувство против шемата што му се наметнува, знак на една борба што е овде, на секој цртеж поодделно, во различна степен изразена и се наоѓа во различна фаза.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Печисонце, скара на прозорците, окалки со прекрстени раце, апарат двоблиц Минолта (ние во него), бркотница на мислите, орев.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ако ние треба да ги уништиме нив, тие мора да не уништат нас за да го спречат сопственото уништување, и ние мора да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас пред ние да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас... што всушност ја претставува точката во која сме ние во моментот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вистина е дека ние во почетокот го врзавме Васе, но тој веднаш нѐ замоли да го одврземе бидејќи ни изјави дека вас од денеска не ве признава, не сака повеќе да се дружи со вас, ниту пак името да ви го чуе...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Да... - Е, тогаш зошто ние во шишенцава не би правеле и лекови...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Камо ти го, бре машко, тој народ што ќе се нафрли со голи раце на оружаниот аскер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве а ве, моата златна за пет лири Јован ми а купи како ние во Прилеп палечници шо купуаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами, кога лачкавме ние во Смилево оти не сме готови, ти што велеше, бре Орде?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па и петте лири секој сиромав и нема да и даде, ама за сето тоа мислат нашите големи глави и тиа ќе ни кажат шо требе и како требе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Кодот на клиентот е сместен во специјален чип; Освен СИПИ, за кои ние во бизнисот не сакаме многу да зборуваме, нема друг начин да се открие твојата фраза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние во Америка не знаеме за брејк додека не ја завршиме работата што сме ја стартале“, ќе речеше Иле Брчалото и пак се вртеше кон падините на планината каде што секогаш погледот загадочно му се задржуваше на Тумбица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Сега ние во Америка за анималс се грижиме како за луѓе“, велеше објаснувајќи зошто го храни смокот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лествичникот во нова руба, ние во партали, како питачи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби ова ќе ти изгледа како фалење, но и како син, и како млад човек, ние во тебе гледаме и свое дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И ние во Ташкент се дигнавме во бунт и се испотепавме меѓу себе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од радост се гушнавме и ни се пристори дека заборавивме дека сме гладни и тргнавме натаму, на кај планината Бела Вода што ние во Герман си ја викаме Германската Планина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- А, да – рекоа – Министерството за надворешни работи го препрати кај нас предлогот, меѓутоа ние во Oдборот оценивме дека тој нам малку ни е познат, па оттука оценивме дека тој малку направил за нашите борци, та затоа и не го поканивме.. Што да речам за ова? ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие имаа вистински пушки, автомати и митралези, а ние во исто време на рамо носевме стапови и изделкани колци и ластагарки што личеа на пушки и игравме војна во која растевме и мислевме и ноќе сонувавме само победнички бој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А не можеме да процениме кое од тие пропуштања ќе му дозволи на злото да проголта некого.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пропушти да направиш едно добро нешто; сите ние во животот пропуштаме да направиме многу добри нешта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
54. За таа борба меѓу христијани ние ја симнуваме од себе одговорноста на Грците и Патријаршијата, бидејќи ние во тој случај не напаѓаме, ами се браниме од туѓи напади.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
“За разлика од индивидуално создаваната литература -вели Кувер - која е заштитена на еден старомоден начин, како што се заштитува приватната сопственост, ние во работилницата си играме слободно и анархично, работејќи врз заедничкиот проект на просторна литература, кој се нарекува HO- TEL.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ние во игрите се трудевме да го имитираме фонетскиот израз на јазикот на вестерн филмовите. Зборувавме онака како што слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е, во тоа време кога никој не беше видел телевизор во боја, ние во игрите и во дијалозите се користевме со „наш“ јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постојано ми велеше дека ние во градот немаме улици за возење на велосипеди.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие коски ќе нѐ задушат. Ќе се обесам, ако не се случи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Впрочем, не се тркаламе само ние во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина. Сиот свет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не, јас сепак ѝ дадов рубла на старицата и ние во најлоши чувства седнавме да го гледаме филмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа предлагам никаква облека да не се шие.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може секакви парични недостатоци да се случат. Треба другарски да се однесуваме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Министерот за памук и лесна индустрија вели: уште повеќе што за нова облека ние во кралството имаме премногу памук и премногу хартија, со други зборови, ниту едното, ниту другото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Па, ние во куќава не сме донеле жена, туку несреќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаш ли да појдеме и ние во бавчите на султанот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многу неволи ни направи, вели Костадин Дамкоски, а ние во писмото до султанот него го бараме за да ни биде свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако дојде некогаш во Потковицата, со скршени нозе ќе се врати назад, вели Мустафа Салиоски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ендоските вардат во Пондилите, Безоските во амбарите, Ѕвездаковците во кошарите, ние во живеалишните куќи, а ти Васил, со твоите треба да ги вардите портите и господарската куќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Венат, како што вениме ние во лицето од силното сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Богдан, гледаше со замрежени очи кон маглениот појас на планината и повторуваше со страст на потврден пророк: „Или тој светец, или ние в пекол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се случуваше токму во времето кога Монтескје во XVII век ги проповедаше своите идеи за топовите кои ги уништуваат топовите, за деспотските режими кои не можат да имаат фундаментални закони, за републиканската влада која во срцето го има народот, за облиците на издвоената власт (парламентарната, извршната и судската), ние во Османската Империја да го одржувавме во живот кадијата, исламскиот судија кој донесуваше одлуки во согласност со шеријатското право...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали тоа е доволно силно сите да нѐ одвлече на неповратен пат (или веќе нѐ повлекло по тој пат), тоа мораме да го искусиме сите ние во кои сѐ уште останало разум и вистинска, некористољубива грижа за судбината на народот, судбината на сите народи на просториве и, пред сѐ, секој поединец - бидејќи, ослободениот поединец е залог за слободата на народот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Инаку, во рамките на нашите можности, ние во списаниево - како што веројатно сте забележале - се обидуваме да работиме на „слу~ајот” и да внесуваме поинакви димензии во користеwето на кирили~ни фонтови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Соодветно, ние во Македонија - кога се однесува до областа на (графи~киот) дизајн - се гушиме во грдотијата што нé заплискува од секаде: од амбалажата, весниците и телевизијата до ули~ните и јавни натписи и ознаки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Особено беа ефикасни топовите А ние во Југославија, братската заедница, со децении го добиваме оружјето, од сите видови, покрај големата помош и поволните економски кредити, како помош од западна Европа и од Америка за да опстанеме во антисоветскиот курс и да ја одржиме биполарната рамнотежа во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од дома сите беа на работа, а ние во дворот легнати, ќе не огрееше сонце и немаше никој вода да ни даде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ до Црна Река нѐ придружуваа партизаните, а ние во колона по еден, ја слушавме нивната команда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние во Одделот за документација сѐ уште го употребуваме деветтото издание.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нашата служба овие зборови беа шифри што можеа да значат многу (иако никако до крај не можевме да ги протолкуваме) и ние во нив се снаоѓавме онака како што знаевме, секој за себе, со одговорноста врз себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Така, така. Оти гледаш, ќерко, како ние во секој поглед се ретчиме?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имињата постоеја не за полесно да ги разликуваме нив и ние во нив, ниту да го определиме нивното значење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни. – Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи. – Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Професорката продолжи со ведар глас: – Почитувани родители, ние во нашиот клас го има­ме и најдобриот ученик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние во подруми. – А кај беа нашите борци, нашата власт, Мајко? – запраша најстариот брат. – Сите думан фатија. Ќе се организирала нова војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ако треба на секој камен ќе ставам потпирач и куќата ќе си стои тука... И ние во неа“, велеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Каде сме ние во таа слика?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ете, тоа го имавме ние во грчката патрида.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Против Англичаните се боревме ние во Атина, нашите сојузници, разбираш? Ние, илјадници, се боревме против туѓинците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека најголемиот број на класичните социолози веруваше дека се движиме кон рационално организирано општество, ние во тоа веќе не веруваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека тие веруваа дека историјата има цел, дека постои прогрес, ние во тоа веќе не веруваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние само веруваме во тоа дека историјата е сукцесија на настани без однапред дадена насока.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ние в село имаме вршник – вели Толе, - и фурна, а вие електрични печки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Понекогаш животот повеќе и посилно верува во нас, отколку ние во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ние во карирани униформи за сонување, легнуваме, легнуваме, легнуваме.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не знаеме ние, ние сме прости, пуштете нѐ нас, оставете нѐ нас на мира, ние во ништо не се разбираме, ние во ништо не се мешаме. Како живина?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не пишува за што е ангажирана. (Го фрла весникот.) Знаеш ли ти, Симоне, дека ние во XX век живееме најдобро од сите милијарди луѓе што живееле пред нас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Си имавме ние во нашето село еден Лазо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама ќе процениме ние во штабот дали јас сум во право... продолжувам да читам и немојте да ме прекинувате. Срамота... Молк!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во прашање беше нешто повеќе од тоа, ние во суштина извонредно профункциониравме и бевме како едно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Знам, учевме ние во училиштето дека таа заради своите убавини и заради белиот бор што само таму расте е прогласена за национален парк, ама дека е толку убава не можев ни да сонувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Земјопис немаме, тоа сега се вика географија, ама ние во трето одделение наместо неа учиме предмет „Запознавање на природата и општеството“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Та така ние во селото се сторивме и со поп баш за Водици и со уште двајца соученици.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние во семејството имаме две потекла“, подоцна му раскажуваше Елефтерија за да му објасни зошто е црномуреста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја издржал борбата, останал со умот во главата и кога разбрал дека му ја запалиле куќата со децата и жената внатре, продолжил да се бори со една дрвена нога, таков го запознавме и ние во Гаково.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Токму затоа, вели, ние во сабота и недела не работиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Впрочем, ние во Индија сосема поинаку од вас размислуваме за просторот и за времето, но за тоа ќе ти раскажувам некогаш другпат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И таа ноќ ти реков, ние во Индија поинаку од вас гледаме на времето и на просторот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Игбал, те молам, објасни ми уште малку за телепа.. – и не знаев да го изговорам зборот, па се засрамив малку.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)