А ние луѓето, кутрите, се раѓаме на едно место, кој знае каде ни е судено да умреме!“
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тоа е она последното, што можеме да го сториме еден за друг, ние луѓево, мислеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не, не само што не сфаќам зпшто ние луѓето толку многу се плашиме од смртта; не сфаќам ни како може да поставам такво прашање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Луѓето се погледнаа меѓу себе и рекоа: - Бре, какви сме ти ние луѓето!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И јас, ние луѓето, полека слегуваме од високото, од кај азурните двери на Света Ана, коските ни клапаат како суварки на мазга.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)