ние (зам.) - тебе (зам.)

Шест месеци ќе се протргаме и ти нас, и ние тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ти ќе бидеш, ти Гуле. Ние тебе те знајме за утач на селото и кај ќе рипаш ти, ќе рипа и целото село — пак поп Тодор предлага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега ќе водиш нас кај Толе Паша да правиме еден темане на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот“ ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, а јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама јас, ете не су писмен. Ќе дојде писмо, сака да се отпее, да се напише друго.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро, бацко Толе! Ка ќе речеш ти така нека биде, — одговори Стојо, — ама пак ние тебе те сакаме да ни бидиш главабашија. — Лесна работа е за главабашија, џанум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами ние тебе бараме, бре Паленѕо, по небо; ти бил по земја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега ние тебе ќе ти наредуваме, а не ти нам. Јасно!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во таа несреќа, колку ти ни помогна - толку ние тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ти си кукавица, мајкин сине – велат големите деца. – Те знаеме ние тебе. - Не сум кукавица. Ќе видите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тие дарбини Господ тебе ти ги има дадено за да види кои и какви луѓе сме ние, а и ние тебе да те видиме на кој пат сме те извадиле.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Ти ли си тој пеливан? - рече цивилот. - Ние тебе ќе те научиме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)