ние (зам.) - си (зам.)

Руското покровителство станува ненужно кога ние си имаме „самостојно” и „национално“ бугарско покровителство. 3/ За бугарските владици што ни ги подари Стамболов ние плативме со немањето на автономни права, предвидени со Берлинскиот трактат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
155 Благодарејќи на условите, сега ние си го избираме за општ литературен јазик централното македонско, т.е. велешко-прилепско-битолско-охридското наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, сполај ти, господе, започна тоа да го прави почесто и пред луѓе, и ние си ги гризевме усните, си го гризевме срцето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тие ја колат лубеницата, а ние си дуваме во предниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Добро де, ја знаеш, поетска душа“, ја бранеше Мирко - „па и нека зборува, ние си молчиме, уште не сме се расониле.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ние си одиме, а тоа останува, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)