ние (зам.) - се (зам.)

Така на пример за „Satanic Ritual Abuse“ („Злоставување со сатанистички ритуали“) - коешто во Rod Dickinson: „Анатомија на небеско Британија после една подолга расправа во суштество“, масло на ленено платно, Парламентот со еден декрет на Владата е 213х213 см, 1993 прогласено за „непостоечко“ - Дикинсон вели: „Импликациите се или дека станува збор за заташкување од страна на Владата, или пак дека Владата е во право и дека ние се соочуваме со масовна хистерија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дикинсон е заинтересиран за оние ‘поп“ подрачја што обелоденуваат појави на масовни невротични состојби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А поради Сталинка, ние се плашевме повеќе од другите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го нема! Побегнал! – И козите ги нема? – извикав плачно. – И козите... и козите... сите кози... – Кај можел да избега со толку кози? – се охрабри да праша братот партиец. – И ние се прашуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ние се идентификуваме себе си како „субјекти“ (поданици) на „нематеријалната“ библиотека што лебди над нас, како протуберанци што избликнуваат во светот на феномените. 144 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На пример, никогаш не го сфатив конечното објаснување. •Хичкок: „Објаснувањето е дека Макс де Винтер не ја убил Ребека, таа извршила самоубиство бидејќи имала рак.” •Тоа веднаш го сфатив, но дали тој се чувствуваше виновен? •Хичкок: „Не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Проповедникот На д-р Ѓорѓи Зафировски Никогаш и никаде Тој не спомна нешто што ние живите го поимаме како време, и ете, во суштина, ние се разликуваме од Проповедникот не сакавме или пак не можевме да сфатиме дека нам не ни одминува времето туку - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И ние се радувавме како деца кога се ѕвонеше и се донесуваа разни работи порачани за таа вечер...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние се бунтуваме против тираните и против насилниците на нашата чест и против оние што ни ја смукаат нашата пот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние се надеваме есенва, си правиме бајрам на умов, да дојде и да го жениме, ама...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Врз месото, како брзокрили јастреби, ние се изнафрливме гладни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Татко последен пат се виде со својот брат пред крајот на војната, пред да капитулира Италија, а ние се готвевме да заминеме од Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние се сметавме пооштетени од сталинизмот од овдешното население, зашто маки видовме и од оваа страна до 1948 година, а и од другата страна на границата, кога дури во 1990 беше соборен големиот паметник на Сталин во Тирана, а потоа и на Енвер Хоџа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од друга страна, дискурзивно пишуваната философија воопшто не е погодна да ги артикулира горливите прашања на времето, нејзината рефлексија не ги допира акутните проблеми.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додека ние се повлекуваме сомневајќи се, Енценсбергер елегантно го поентира својот поетски став.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се кршеше, но ние се држевме за него, бевме боцки на овчо руно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти си сосема луд“; одеднаш, Земанек инстинктивно ме турна, оти се слушна сирена на воз, многу блиску; веќе во следниот миг ние се тркалавме по насипот, и јас и Земанек, еден преку друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеш ли да замислиш што ќе се случи? Со секое умножение, ние се оддалечуваме од Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но, не бој се; иако слегуваме, ние се искачуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби уште од Лукрециј поетот толку неотповикливо не ги чувствувал луѓето како случајности во просторот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џон Апдајк го завршува својот есеј „Писателот како библиотекар“ со следното размислување: „Со Борхес, ние се преместуваме од онаа страна на психологијата, од онаа страна на човечкото, и се соочуваме, во неговото дело, со еден атомизиран и празен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хронологија на животот и работата на ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС 1899.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото опело во катедралата свети Петар и неговата смрт во Женева беа метафори за тој солипсистички живот: Борхесовото место на престој не беше светот во постојан метеж, туку уредните одаи на Библиотеката. (превод: А. Б.) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 221
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние не го трошиме своето здравје, својата способност за уживање, своите сили: ние се штедиме за нешто, а честопати ни самите не знаеме за што.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тоа наше штедење е за да бидат нашите чувства подлабоки и повозвишени, наместо така плитко и ниско да се потрошиме во животинско задоволување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се воздржуваме за да го сочуваме својот интегритет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Џганот им дава оддишка на своите пориви, а ние се воздржуваме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Турците ни ја зедоа земјата и си ја разделија меѓу нив. Ние се примиривме со таа загуба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние се викаме Бугари, како што еден човек се вика со едно име, да речеме Петар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За наша среќа, овој пат ние се избавивме од дележот на нашата татковина и Турција од загубувањето на една од прекрасните свои провинции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови, ние се запознавме досега со тоа дека составувала, составува и може Македонија да составува од себе одделна етнографска единица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ние се сметавме за каури, христијани и рајати и помниме дека сме имале наша каурска и рајатска царштина, но сме ја загубиле на Косово Поле, кога им се налутил господ на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: (Одвај се воздржува.) Јас мислам дека во однос на Вашата сосетка ние се разбравме, госпоѓо Христова?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ние се заколнавме да загинеме заедно со оние што ги разнесоа бомбите. - Е, ние не загинавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога нѐ отпретаа, нѐ триеја со снег, на голо триеја и после ни запалија оган, и ние се туркавме околу огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ние се разбудувавме и наѕиравме кон купиштето пепел со гламносани коски. Ама таму немаше ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние тогаш уште посилно заплакавме со Мирчета и татко се сврте, се приповрати и нѐ удри со прачката за да се вратиме дома. И ние се вративме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам сега што јадат војниците, Јон мој. Ние се навикнавме и на помија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А снегот си паѓа и ние се покриваме со снегот, се завиткуваме со снегот и заспиваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние се пикаме покрај корените од буките, се прпелкаме во шумките, се завиткуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дел од активностите ги спроведував во мојот стан, низ многубројни средби, разговори и анализи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во присет ми идат зборовите на Емил Сјоран од силогизмите на горчината: Сите клевети- револуции, војни, прогонства имаат иста генеза запишана на едно знаме! И ние се готвевме за некој поход.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Баба веруваше дека има таков јунак. Ќе му дојде време. Додека се оддалечувавме од брегот на Езерото, ние се сеќававме на прикаската на баба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние се боревме за големи идеали, за слободата, а мерценерите за пари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Вистинската власт, власта за која ние се бориме ден и ноќ, не е власт над предметите, туку над луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние се разликуваме од сите олигархии од минатото по тоа што знаеме што правиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кажи ми сега зошто ние се држиме за власта ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си петно што мора да биде исчистено. Зарем не ти реков пред малку дека ние се разликуваме од прогонителите од минатото?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мечките околу нас пируваат, ние се ледиме.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Видете!... Ова општество или општествата што го сочинуваат светот,како сакате, ние се развиваме во повеќе правци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Милиони години ние се боревме против гравитацијата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зајачињата и лисичињата поиграа уште малку и тогаш поголемото зајаче рече: - И ние се уморивме, да си легнеме.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
7 ПРЕВАЛИ БУРАТА отаде планините и ние се вративме во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како некаков намуртен виток буф тој својата публика прекорно ја посматра низ наочарите што му стојат на врвот од носот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Сите ние се плашиме едни од други“, вели Р.Д. Леинџ (Leing) на најновата конференција за будизмот и психотерапијата што се одржува на Менхетн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега ние се бориме со единиците на германската армија, а отстапуваме пред ЕЛАС.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се изјаснивме за Југославија, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паун Радевски и Филип Хаџиевски веќе кркорат во ќошот, а ние се смееме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жена му на Паун Радевски приплакува, а ние се караме и се бркаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полицајците нѐ туркаат, а ние се драскаме, крв ни останува под ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние се вртиме со Коста, а сиот народ околу ни плеска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во колибата уште не се гледа, но ние се гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се тутулиме и си го гледаме врвот од чевлите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние се држиме. „Одбранбена зона е дел од главниот одбранбен појас што го држи дивизијата или бригадата.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа умре и баба, а дедо плачејќи рече: Како испадна ова вака, ние се договоривме јас да умрам пред неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бригадирите викаат, а ние се грабаме за момирокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се фаќаме за појас, а тие го ставаат прстот на уста и ни прават вака: ни кажуваат да бегаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се браниме, а тие идат, ништо не гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се отвори нов фронт и ние се истргавме од огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се поделивме на две групи и се извлековме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се грижиме за чистотата на училишниот двор, ама сметот од дворот останува на тротоарот пред училиштето. Кој е крив?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И да не забораваме дека ние се бориме за „збратимување....“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гледајќи го нивниот лет, слушајќи ги нивните песни, ние се чувствуваме убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во мое време како деца, ние се фалевме за обични нешта.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш, во паркот, на крај памет не нѝ беше да ја натераме да нѝ раскажуваподробности за убиството на девојчето. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние се плашиме, но уживаме да ја слушаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ние се менуваме, - пак вели Билјана. - Таа нејќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)