ние (зам.) - кој (зам.)

— Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, — во еден глас одговорија осумте души одборници на чело со коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Недела Октомври Некои гревови се наследни, наследството, крст за сиромашните, богатите секако сами ќе се погрижат за себе. ...а ние кои имаме сè, оплодени од убавината, за љубовта на совршенството, за Божјата угодност, ќе ја воспеваме радоста до бесконечност.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И ете, ние кои станавме за да смениме една власт, сега со нашата власт и сила го изгоревме некни олтарот и иконите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа е тајната и на мојот живот, оваа душа не ми припаѓа само мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот не благословува со љубов, сите ние кои сакаме со целото срце, чувствуваме неизмерна радост, ние кои ги подаривме нашите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа докажува дека и ние кои бевме во движењето, макар колку да му бевме посветени на идеалот, сите ние бевме луѓе и имавме свои човечки слабости. Како што тоа јас сега го увидувам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ТРОШЧЕЈКИН:... да бегаме, - а ние кој знае зошто постојано одлагаме и си седиме под палмите на сонливата Ванпука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сакав да дојдам во Македонија за да го земеме и татко ми, да се собереме ние кои останавме живи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја однесовме ден претходно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој зборува во името на сите оние други: другите ние кои ги продол­жуваат нашите други приказни во тие други универзуми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Знаеме ние кои сме и што сме подобро од тебе. Не можеш ништо ново да ни откриеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Влавот, бре, значи ние кои сме дошле тука, поправо нѐ донесоа од Епир, знае да чува овци и кози, сирење, кашкавал, урда да прави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму пак ние кои останавме од 102, 103, 105, 107, 18, 14 бригада...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најчесто ги фрлаа ноќе, за да не гледаме ние кои се уште бевме живи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја закопавме како што повеќето од нас ги закопуваат – не во гроб, туку во јамата за бездомниците и најбедните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често од тоа умираме ние кои го работиме овој занает.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние, луѓето ние кои не сме држава и не сме крај на ништо.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Слушаме ние кој што вели, кој како вели, и се растураме по ливадите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)