ние (зам.) - им (зам.)

Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Настаните течат неизбежно по текот кој ние им го предодредуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Мамо, ние им ветивме дека нема да бидеш лоша со нив, - пискаа во еден глас лисичињата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Девојчињата сакаа да се забавуваме, ние им рековме да нѐ чекаат вечерта во еден клуб, дека сигурно ќе дојдеме, јас се качив на моторот и тргнавме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прифаќањето на некоја положба во која сме неминовно сместени не значи нејзино консолидирање, а не значи ни прифаќање на неповолните околности во кои се издигнуваме до претставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Активната пасивност на машката геј-култура, нејзиното уживање во подреденоста и нејзиното гордеење со неа, нејзината готовност да се идентификува со поимањата со кои се карикатурираат или се омаловажуваат жените и геј-мажите не треба да се сметаат за ратификација на тие поимања, туку за уште еден израз на кампската интуиција дека нема ништо надвор од моќта, дека малцинствата и стигматизираните групи не можат да бираат како ќе се гледа на нас и каква вредност ќе им одредува општеството на нашите животи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребни се други стратегии на отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакале или не сакале, ние им подлежиме на општествените околности и на културните кодови што немаме моќ да ги менуваме (барем не на краток рок), на кои имаме моќ само да им се опираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ние им рековме дека до крајот на тие 99 има уште 30 години, па дотогаш да сме живи и здрави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така ние им зборевме, а тие молчеа и само не гледаа и не гледаа и така се гледавме во молк... ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние им бевме десна рака на мажите, дури машки работи сме работеле. Сестра ми Љубица ораше и овци пасеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Или мислата според која сиромашните ни даваат многу повеќе отколку што мислиме дека ние им даваме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете ги, најљубезни браќа, малиот збир на правила, толку неопходни за секој, кој сака со успех да блеска во помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние им робуваме не само на кредитите, даноците, цените на услугите, туку и на неброените предмети што можат да се скршат, изгубат, оштетат или да станат предмет на наше преголемо обожување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)