ние (зам.) - ги (зам.)

За да не бидам погрешно разбран, мислам дека треба да се напомене оти нашето сфаќање за менталните состојби како нефизички произлегува од таму што нашето познание ни покажува дека тие едноставно не личат на стандардните случаи на физичките објекти или процеси што ние ги познаваме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, дури и да се согласиме со ваквиот начин на размислување, тоа сепак не ни дава јасна идеја што е тоа што би го определиле како нефизичко (ментално, духовно).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во мигот кога не сме задоволни од сегашноста, кога нашето небо облаците ќе го затскријат, ние ги затвараме очите, за да ни се разоткријат ѕвездите скриени позади нив!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние различно ги толкувавме пораките што ни ги пренесуваше таа од татковата работна соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука беа само неговите деца. Ние ги храневме, им носевме млеко, леб за попара.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашите родители нѐ имаа овде само нас, ние ги имавме нив, а сега и нашето козле... – Тато, тато ни купи козле! – ја гушкавме сите мајка си, доближувајќи ѝ го козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога дојде забраната да се чуваат козите, а уште не стана извршна, ние ги водевме козите насекаде, дури и на училиште.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас се чудам. - Не се чуди, - ми вели тој. – Ако ние ги закопаме сабјите, каква причина ќе имаш ти да основаш Форум за човечки права и толку да пишуваат за тебе весниците по светот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Господине Мертен ние ги немаме тие пари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Тоа нема да се прифати. Нема веќе пазарење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Владеејќи со сопствениот јазик, во не-стандардните употреби на изразите, ние ги препознаваме феномените какви што се пертурбациите (во граматичка смисла), менувањето на значењето, фигуративната и поетската употреба, игрите со зборови, шегите и очебијните грешки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но на што се сведува неговата согледба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште повеќе, формалните елементи на говорот и самите се изградени на невообичаен начин и се чини дека овие формални настраности, барем во извесна мерка се јазичен одраз на алтернативното устројство на неговото искуство, со пукнатини онаму кадешто ние без проверка претпоставуваме дека владее кохерентност и со заедничко струење на елементи коишто ние ги држиме строго разделени.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Другите се сместиле во нашите срца и ние ги именуваме со нас самите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но ние ги викаме само: „бузовци“. Со тие нивни шареникави и надуени имиња ни ја пробија главата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вашите маки и страдања и ние ги чувствуваме; и нас подеднакво нѐ корнеа во душите и нѐ болеа ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како и досега, ние ги потпираме вилиците на оградата, шетаме со очи по нив и - молчиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најголема лудост беше кога неколцина од нив почнаа да ги собираат оние што ние ги фрлавме, зашто веднаш и со врисок се фаќаа за главите, раскрвавени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кој ги знае кај се! И ние ги бараме, ете!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така им предлагаше Јордан, ама Пере и Петре не му дадоа збор, та кој ги знае, таму ли преметнаа или пак ја прејдоа Црна, да го фаќаат Кожув и Пајак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашата врска со оној друг вид се гледа во тоа што ние ги пренесуваме нивните пораки. За тоа сме платени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во ова општество списанија што не излегуваат (а кога ретко излегуваат - очајни се) и понатаму добиваат барем двојно поголеми пари од оние што ние ги добиваме, и тоа само за плати и материјални трошоци (!?), притоа бес­крајно кукајќи дека се запоставени од општеството.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие ќе залутаа натака а ние ги препознававме со стравопочит.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слично, Кант прави разлика помеѓу самото нешто (Ding an sich) и феноменалниот 78 Margina #11-12 [1994] | okno.mk свет велејќи дека, никогаш не сме во состојба да го спознаеме првото, па затоа вториот би требало да го прифатиме како реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Беркли, како и Лок и Хјум, смета дека ние можеме да ги спознаеме само нашите перцепции, но прифаќајќи ги нив како самата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Декарт смета дека ние ги спознаваме само нашите идеи, или ментални слики, и дека затоа имаме потреба од процедури што би ја верификувале нивната соодветност со нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лок смета - што се однесува до секундарните квалитети - ние ги осеќаме нашите осети дека ги спознаваме само секундарните квалитети - т.е дека ние ги осеќаме само нашите осети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некни, пред Водокрст, ние ги набркавме а тие вчераутро пак се најдоа таму, на Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува! А и кравата ни остана немолзена. Пак ако се пушти телето да ја исцица!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас сметам дека со неповторливо богатство се надарени само нашите лични доживувања, приказните што ние ги создаваме: разнобојни, шумни, богати, со насмевки на бои што ќе ги откриете само во опашот на паунот, и се разбира, да не заборавиме, кај виножитото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал, вашето љубопитно око не може да втаса до сите мои тајни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нашиот живот е читање; секој настан, покрај тоа што се случува, треба и да се исполни со смисла; животот самиот ги исполнува тие празнини со смисла, кога за тоа ќе дојде времето, и ние ги читаме своите грешки, падови или подвизи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Селското кино беше место каде што се сретнуваа младите момчиња и девојчиња од градот кои исто како и ние ги поминуваа летата во прекрасното планинско село.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дали ние ги браневме? Дали рековме барем еден збор во нивна одбрана?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спасот им беше таму каде сега ние ги бараме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се обидувавме да ги насмееме. Ги предвидувавме во детаљи сите ужаси што ги повторуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од време на време ние ги предупредувавме за нивната неадекватност и слепило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги упативме сите можни апели кон нивното свенато чувство за правда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нѐ гледаше со очекување дека ќе ги препознаеме неговите желби, ние ги препознававме и ги премолчувавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бакни ме,“ повтори Добрата Душичка, и ги склопи очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како во тој миг да ми го допре срцето со својата рака, затоа што во Гнездо сите ги носевме тие зборови во себе, и ги криевме од себе како што од себе го криевме и разумот, или тие зборови се криеја од нас, а ние ги баравме и место нив го наоѓавме лудилото; и сега се појавија тука, по толку години, кажани едноставно како кога жеден бара вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле ги чувствуваше тие премолчувања, и од нив бегаше со погледот кон некоја дамка на ѕидот, кон мушичките кои летаа среде собата, кон прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако пак тие мислат со нас да не се церемонат и да нѐ лажат Европа и нас со реформи што не ги исполнуваат, тогаш не ќе се зачуди Турција ако и ние ги обрнеме нашите погледи кон Европа и од неа бараме да се воведат во нашата татковина со сила тие реформи што се признаваат од силите европски за вистинска требност за успевањето на религиозно-националното и културното развивање на македонските рисјани 5.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Не е право само вие да си играте со нив! И ние ги сакаме!“ - извикаа и Тоде и Боре и Панче и Зоран.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Мише, ние ги најдовме! Ќе бидат само наши!“ - извика Петре.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И овде, автору, ние ги напуштаме нашите херои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се ширеа и се губеа во меѓуyвездените простори.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овие денови без нив се попогодни за многу други работи, што ние ги сакаме, та затоа и дојдовме тука, си рече. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние ги подаваме главите: подзинуваме, и ждригаме, икаме од виното, од јадењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги преоѓаме реките, потоците, ама не се оддалечуваме од водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие наближуваат, штрапнелите фрчат низ шумата, се цепат дрвјата, а ние ги пикаме главите в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги фаќаме за нозе, за ногавици, ги завлечкуваме назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па ние ги засукавме ракавите за вие господата да јадете бели сомуни. И, што мислиш, ќе слезев ли јас да не беа „овие“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Петмина истражувачи по свој избор се решија да земат одредена дрога - Екстази, ЛСД, Хероин, Спид и Алкохол - и отпатуваа во лавиринтот на својата психа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние ги објавуваме белешките водени за време на нивното искуство - и последиците од него
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тури испраќаме купишта смрдено месо, но тоа ќе ни се врати еден ден во некој огромен контејнер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Работам за овие курви што не се ниту за крастав кур, а ние ги транспортираме за Европа, ги продаваме на невидено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние ги правиме природните закони.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние не ги уништуваме само нашите непријатели, ние ги менуваме. Разбираш ли што сакам да кажам?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние ги правиме да бидат вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полицијата на мислите трага по нив и ги уништува, речиси со истата брзина со која ние ги препечатуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„А што мислиш, зошто ние ги доведуваме луѓето на ова место?“ „За да ги натерате да признаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Факт е дека компјутерските системи што ние ги знаеме се затворени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И самиот говор овде е поинаков - поимите што ние ги означуваме едноставно како миризба или смрдеа, овде може да бидат смел, сент, одор, фрејгранс, стенч, стинк, акрид или рик...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сите овие измени ние ги гледавме со дулбијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ние ги викаме „Богоројчино цвеќе“, - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ретките состојки на зборот Нѐ допираат во животот И ние ги изговараме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Таа е еден од мноштвото разновидни начини на кои ние ги наведуваме другите да гледаат, слушаат, допираат, мирисаат, веруваат, мислат, чувствуваат, посакуваат, и да го прават она што ние сакаме да го прават.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тие три месеци ние ги пресвртевме позициите од син на татко па на син.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата, како што ми се чинеше, нуди еден крајно едноставен метод (доколку некој ги знае нејзините цаки) за „матење” со манипулација, научно истражување, техники на интерперсонално наведување, т.е., со моќ, во она подрачје во кое луѓето заемно си делуваат едни со други и во кои ние се обидуваме да ги наведеме другите да го прават и да бидат она што сакаме ние и vice versa.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во некоја рака јас станав негов татко.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На некој начин ние ги обвинуваме уметниците, тие сакаат да ја одржат оваа елитистичка идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога Салвадор Дали доаѓаше тука во шеесетите, тој мислеше дека ние ги правевме работите што тој веќе ги направил.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Денет: Како преминавте на вашата фото-базирана работа, дали тоа беше фундаментална промена во мислењето?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние ги вртиме главите, мислиме и тој е од безбедноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние ги удираме, а тие растат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние ги подаваме рацете, а тие само нѐ гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние ги чулиме ушите и се вртиме: нешто иде, а ништо не гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А џунџулињата ние ги садевме. Не бараат специјална почва. Таму, од оние купишта зедовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ама тука беше учителката Мица: „Подарок од сè срце! Ние ги одгледуваме со љубов! Пак да ни дојдете!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Тешкотиите што ни ги опишавте со вашето Вардариште и ние ги имаме, всушност, немаме хигиенска депонија!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- РОЗИТЕ и во октомври ни цветаат како во мај! Ние ги негуваме!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На 14 декември Тито испратил телеграма до ГШ на НОВ и ПОМ со која ги запознал дека на „протест на Англичаните и Американците, ние ги оставаме и натаму нивните воени мисии кај вас во Македонија, исто како и советската“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
277 Несомнено дека претседателот на Националниот комитет на Југославија, Јосип Броз Тито, морал да ја смири настанатата ситуација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дедо ми пушти цела каленица вино и кога каленицата го врвеше првиот круг, како и другпат, додека ние ги баравме врелите компири, ни допушти и ние да лизнеме по една капка вино.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Предикативната функција на персоналните конструкти дава логичко оправдување на претпоставката на Kelly (1955, стр. 46) дека „процесите во личноста психолошки се канализираат на начинот на кој ние ги антиципираме настаните”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поточно би било да се каже дека ние ги гледаме теоријата на шемите и когнитивната наука во еволутивен процес како одговор на критиките за ограниченоста на нашето досегашно разбирање на умот и личноста. превод: Георги Стојанов okno.mk | Margina #3 [1994] 85 Journal of Experimental & Theoretical Artificial Inteligence vol. 4. num. 4. Oct-Dec 1992. PATRICK J. HAYES, KENETH M. FORD и JACK R. ADAMS-WEBBER Човечко размислување за вештачката интелигенција Апстракт.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова е типично за една од категориите на конфузни аргументи коишто ние ги најдовме во споменатите текстови; попрецизно, AI е некомпатибилна со некои омилени модели на човечката когниција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, ние ги препознаваме општите места во некое множество програмски типови така да кога развиваме нови програми ние го користиме знаењето собрано до тој момент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во мојата истражувачка група ние ги употребувавме шемите за да обезбедиме функционално ниво за анализа на процесот што се одвива во мозокот на животното за време на сензорно- моторната координација; за да ги опишеме меѓунивовските програми кои посредуват помеѓу визијата и допирот и контролата на движење на роботот; во формалните модели на процесите на учење и генерирање природен јазик. [...] Може да биде корисно да ја споредиме употребата на зборот шема со начинот на кој се употребува зборот програм во okno.mk | Margina #3 [1994] 81 информатиката. на пример, можеме да препознаеме дека она што работи некој програм е собирање на некоја низа броеви или инверзија на листа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Почнав да учам некои административни работи, шефот Ристо ми даде машина за пишување и некои книги да ги водам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме неколку другари со високо образование, ноќе слушаа вести, потоа ги пишуваа на машината, па на матрица и на фотокопир ние ги вадевме и ги делевме по единиците да ги читаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Љубица одеше да ги пасе овците и ретко ни доаѓаше на жетва или пак на другите земјоделски работи кои ние ги работевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)