ние (зам.) - вам (зам.)

Ги пресретнаа одочесниците, ги вперија пушките во Јанческите, во Трајана и во Тодија, и им наредија: Оставете го човекот и вратете му ја фотографијата, зашто додека вие него со крстови по глава, ние вам крстови ќе ви насадиме на главите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А вака, само пет десет души, се знае — нишчо не прават.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Удрите дури можете, ќе удриме дури можеме — им одговори Шаќир и зачеха тие да пукаат, та и тој да им одговара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јалнаш, не јалнаш, ние вам не ви се предаваме живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ќе требе и вие сами да се спремате, вие нам да ни помогнете, ние вам еве и сега кај вi помагаме, и ќе помагаме шо можиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А вие, другите, ќе преспиете ноќва во селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што нам господ ни дал, ние вам. Како се викаш, синко?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој вам ви рекол дека ќе се вратите без камења? прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние вам она по што сте дошле, вие... - Со крената рака ги триел врвовите на палецот и показалецот. - Разбирате?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)