Со едно пороже ја врзавме срната за врат и му ја дадовме на Килета наш да ја води, а ние тргнавме по него.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Половина час потоа, во просторијата која ни беше спална, група млади луѓе донесоа неколку големи празни корита и покрај нив - казани полни со вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И ние тргнавме по стадото на Чанга со нашата среќна Сталинка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се запознавме – се викаа Лина и Ева. Започнавме разговор, но Отла ми рече дека е време за бањање, и ние тргнавме кон нашата барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)