Значи на непријателот да му се одземе иницијативата да се вдаде во јуриш и да ги гони нашите единици, а да се добие впечаток дека ние одиме во јуриш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Е, ако е така, драга моја колешке, клупава ја оставам да не чека, а ние одиме ова да го прославиме.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ние бргу вратиме, ние одиме кај Мелроуз, ние купиме подарок за Руди.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ние одиме за Гостивар“, вели. „Се враќаме на работа“, вели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Не“, вели пак најстарата. „Ние одиме за Гостивар“, вели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Мошне си мал за таму каде што ние одиме. - ?! - Тенок ти е вратот - ќе го прегризе јамката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не, ние не те чекаме. Ние одиме секогаш со тебе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ние одевме еден по еден во другата соба да плачеме, малку. Да не нѐ види.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Помалиот брат на татко ни, кој сѐ уште живее во Берлин.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А ние одевме во мракот и не знаевме каде не води.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стоката се растури по ливадите, бавчите, нивите и дворовите на албанските села, а ние одевме, пеш, одевме и стигнавме и во Поградец каде не презедоа камиони и не оставија во рамницата надвор од градот Елбасан и по некој месец со бродови не префрлија во Полска.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се колнам и во другарката Оливера Срезовска, ние одевме. Под строј, под команда.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И ние одевме, чесен другарски збор, ние одевме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Интересно, тие оделе секоја сабота на Водно. А ние одиме секоја недела. Затоа не сме се сретнале.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Работа имавме постојано, ние одевме на работа, а таа со помалите деца остануваше дома.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ние одиме. Се рече напред и напред!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А ние одиме и забидуваме да не згазиме глава, нога, црева човечки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и
ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со
нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни
човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас,
вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме
ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој
остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали
се англиски или грчки,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Колата чкрта, а ние одиме по неа и гледаме во рогузината кај што лежи мајка. И плачеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)