ние (зам.) - двајца (бр.)

Прескокнавме уште една медуза. Се прегрнавме многурачно – со стисок - грч, ние двајцата – чекај, остани!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Да не ти е здодевно три дни без твоите другари?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато се обидуваше да биде строг кога рече: „Е, синко, синко!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Време е ние двајцата да смениме плоча!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Универзуми во кои, додека ние двајцата овде лежиме како пар спржени гуштери, тие двајцата никогаш не станале љубовници.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Левата, рече Емилија, и ние двајцата се мушнавме зад неа, во последен миг, кога вратата од другиот крај на собата веќе се отвораше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Каљостро: Така, ако сте дрогирани, претепани, пијани, за да се вратите дома, тука е сома.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Глеаш собрание, Чкаља, Мики, Развигор, Мики и Славко, Чики и Мики и уважените пратеници Чат, Пат и Мат?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Вечерва смогов низ градот се сече со ножици или со лажици можете да го сркате, по желба, а ние се пробивме до ова темно катче каде што ни едно пиле не пее, кадешто ни глувците немаат мир, а еве, кога доаѓавме, дури и Шарко, студентскиот беден Шарко избега од нас, како параноичен глушец, ко да сме ние двајца некакви си фантоми, ви се молам, некои смоговски џукелчиња од чад, ти ебам, кога и кучињата бегаат од нас!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во темнината само ние двајца, полека брзаме, се љубиме како никогаш порано, како тука да престанува темнината, а почнува денот.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Го употреби вчера, како коментар на оној мој предлог, мајка ми да ја погребеме ние двајцата со две-три момчиња што ќе ни помогнат да ја качиме на ридон.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, додадов дека тоа е и нејзина желба, се разбира во колку јас, или ние (додадов) не одлучиме поинаку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лежевме заедно, ние двајцата - не, не двајцата, ние тројцата - а, Кети, знаеш ли дека јас за него имав исти чувства како за моето бебе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се смеевме само ние двајцата кога на други нешто не им беше смешно, тага не обземаше во исти ситуации, со поглед се разбиравме...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но за се треба двајца, а овие двајца односно ние двајца некако сѐ помалку имавме што да си кажеме, сѐ помалку ја гледавме смислата на нашата врска. Сакав малку да се тргнам од сѐ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќаваш ли на таа со топлина смирена ноќ, и ние двајцата, со пот соединети, треперејќи како низ Плажата Оак Стрит да беснееше некој вонземен ветер којшто само ние го чувствувавме?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се бакнувавме цел ден - цело лето - бакнежи со вкус на разни видови сјај за усни и премногу Кока Коли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога децата ќе се заиграат помеѓу себе, тогаш и ние двајцата ќе можеме да се придружиме на трпезата да принесеме уште нешто, пред да ја изнесеме најголемата тава што специјално за нас ја печеа грнчарите дури во Велес.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ние двајцата убивме еден доушник, рече војводата, поземајќи го ножот, и сега и ти можеш да дојдеш со нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние двајца сами, засекогаш. До крајот на животот. Тоа го посакувам, кога е близу до мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Измрзна на планина крај куп букови дрвја, после ние двајцата малолетни браќа, Јордан И јас, ја гледавме куќата и со натоварени магариња им бегавме ноќе на шумарите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние двајцата, сред собата простум, тој насрчен кон мене, бевме единствените живи луге овде над езерото и никаков друг здив, ни некакво ехо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и кому другему да се обрати? Само ние двајцата бевме крај езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Друго чаре немаше, Ѕвездо моја, ќе издржат, душичките, како што ќе издржиме ние двајцата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ете, снаата Трајаница и внуката Ѕвезда до тука ги донесовме, а ние двајцата... - со дланка си ја прекри устата, да не би зборот да заизлезе. Зборот - мисла изгора...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Есента 69. ние двајца го издадовме првиот број од новиот часопис со име Интервју. (...) Флеш имаше огромен успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби е подобро ние двајцата со вас некаде... (Зошто се враќа Љуба.) ЉУБА: Сега ќе ви донесат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа тој си кандисал на сѐ и ете, ме прати да видиме шо ќе направиме ние двајца стари јунаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и цртани глувци се гушкаат и се сакаат, а камоли ние двајца!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние двајцата некако во исто време купивме кола. Јас имав едно фијатче од тие малите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седиме така ние двајцата спроти шпоретот и мијалката во кујната, јас од едната страна на масичката покриена со мушама, таа со рацете на скутот на другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше комунист како мене поради што ние двајцата и бевме блиски...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во потсетникот на едно од среќавањата на пример стои дека ние двајцата имаме зборувано за братовчедот Благоја, за тетка Боса Сотирова, за Панарџиевите од Горно Маало.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според тврдењето на Господ на Службите сè им било познато до последна ситница, затоа требало да настапам искрено и да бидам кооперативен со нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господ морал потврдно да одговори на прашањево и притоа да го спомене и моето име а притоа сфатил дека е негова должност да ги спомене и разговорите што ги имавме водено ние двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си ги собирав четирите чорапи, ги ловев марамчињата, си ги прибирав прекрасните алишта, целите дупки...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бевме само ние двајца внатре, од дванаесет порано, четиринаесет дури...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И само ние двајцата си знаеме какви брзаци ни течат низ душите додека пред разделба по цел ден зјапаме во мостовите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Само ние двајца мрдаме во чекалницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ненад!“ „Е па, Ненад, ние двајца заедно ќе ја засадиме оваа топола.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Судбината сакаше првин да му се восхитувам на пријателот, при што се обидувам да му бидам достоен ученик, а потоа да ја имам среќата да дознаам (на 10 марt) дека ние двајцата ќе споделиме иста дипломатска кариера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И ние двајцата, сите три, бевме облечени во европски шајачни костуми поради што многу се коцоревме, зашто повеќето деца од селото за стоење имаа ќурдии и клашни, како секој ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На што личиме ние двајца затворени во овој стан. Што е сето ова?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па, ѝ реков дека ние двајцата сме момче и девојка без разлика на тоа што таа мисли за пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира, Бреза се обиде да се пикне во собата кога ние двајцата влеговме внатре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јасно?! - праша најпосле мајка ми. - Да, - рековме ние двајцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вака, сами ние двајцата, можеме без брзање да си го пронајдеме купето, седиштата, удобно да се сместиме, па дури ни остана време и да купиме по осминка бурек со јогурт што го јадевме седнати крај прозорците на вагонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не се вознемирувај, - се насмеа, свртувајќи се кон мене, - ќе го напишеме ние двајцата заедно романот, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Откако ќе ги изгаснат сијалиците во нашите соби и ќе ни речат „Пријатно“, ние двајцата ќе побараме да ни донесат вода за пиење...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да, ние двајцата и трите мои девојки.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Најдобро ние двајца насамо да се договориме, зарем не сме водачи? А?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така вели таа, а ние двајцата никако да сфатиме што има лошо во тоа да си кич дете и што нејзе толку многу и пречат нештата што нам ни прават задоволство.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали и тебе истото ти се случува, не знам..
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто така, ми се чини дека многу добро те познавам и дека ние двајцата одлично се разбираме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со мислите може и така, само треба да се умее.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утрешниот состанок не ветуваше ништо пријатно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постојано гледаше филмови, пишуваше текстови за нејзиниот весник, беше на конференции за печатот, правеше интервјуа, а ние двајцата, брат ми и јас, со татко ми денгубевме наоколу низ фестивалскиот центар и низ градот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Саше ме гледаше право в очи и ништо не му беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Миру ја истка специјално за мене пред да го завршам мојот килим – рече Игбал. – Мислам дека и нејзе ќе ѝ успее еднаш да лета како што летаме ние двајцата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас концентрирано мислам на тебе, ти на мене и, ете, гледаш, ние двајца разговараме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислевме, брат ми, како кога се враќаме ние двајца од летување, ќе се израдува на фрижидерот, а особено на кока-колите и сладоледот, ама, ете ти изненадување: - Да знаете вие колкав фрижидер имаа тие во Лондон каде што живеев!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Би можел дури и да ги раскажам сите наши разговори што ние двајцата сме ги воделе на нашите средби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така ние двајцата си се галиме и се „лигавиме“, што би рекол брат ми, а уште ако е свежо бричен, па лицето му е мазно, уживам да го штипкам и да го бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние двајцата, брат ми и јас, не ги обожаваме баш овие семејни средби, иако понекогаш се и за нас корисни, кога ќе успееме да постигнеме некој договор во наша полза, или кога ќе договориме некаква заедничка акција, на пример, семејно патување, летовање, купување нешто поскапо и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До таванот! Полн-преполн. Гонцо, како во филмовите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прекрасно денгубење!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми рече дека тебе ќе ти го подари кога ќе пораснеш, а јас ѝ објаснив дека, ако стори така, тоа ќе значи дека ние двајцата еден ден сигурно ќе се сретнеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Саше ми е прв братучед, бидејќи тетка ми Ана ѝ е сестра на мајка ми, и само шест месеци е поголем од брат ми, ама со него можам да се дружам и да си играм исто како да ми е врсник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тато, дали може да заборави македонски? – не издржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истиот миг ние двајцата се смиривме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)