нив (зам.) - веќе (прил.)

Сите овие лица се предани на делото, некои од нив веќе се истакнале на книжевно поле, други како учители, а меѓу нив има и такви кои многу работеле на изгонувањето на фанариотите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го сака питомиот глас на Циљка и на сиве овие девојки со кои се сретна во планините и заедно со нив веќе половина година го дели ровот и земјанката, водата и лебот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И рече дека кај нив веќе сите гласно си зборуваат македонски и никој не се плаши дека поради тоа ќе биде казнет, како што казнува Грците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека тие така го откриваа какаото, планината пред нив веќе беше преплавена со предесенска сончевина во чиј сјај лисјата поцрвенуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некои од нив веќе доведоа до брилијантни теореми и докази.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На дел од нив веќе претходно алудирав.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За нив веќе отсега само најгорето.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со нив веќе одамна многу добро се знаеме: измислени какви што се, зошто врз нив да се врши насилство од кој и да е вид, макар и ваков, навидум.....
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гледај, низ нив веќе се пробива сонцето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тики: Благодарам, Еди. (ѝ се поклонува на бабата и театрално ја подигнува раката во воздух) Тики: Секогаш сам по паркови се мотам на мали дечиња бонбончиња им давам некои од нив веќе не ги видов белки не заради она што во бонбоните го ставам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А сега за да те испратиме како што треба Тики ќе ти изрецитира нешто свое. (Кон Тики) Маестро, повели!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оние што ќе згрешат душа, а тоа само еднаш се случило, ги прогонуваме. За нив веќе нема враќање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот сѐ уште го држел ежот на дланки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој е господар на своето парче земја и на својот камен. Тоа е завет на нашите дедовци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од нив веќе лежи без крст на чучерскион пат, рекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А нив веќе ги видовме што прават: јадат, пијат, беснеат и пари собираат за да го исполнат ветувањето спрема кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Подножјето на ридот е поделено на парцели и на многу од нив веќе е ставен камен – темелникот на идните хотели и пред нив разделена е и плажата сега обрасната со тревишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја засакав оваа книга, по стопати ги читав песните, многу од нив веќе знаев и на памет, но најинтересно ми беше тоа што во напишаните песни ги препознавав чудесно убавите песни што знаеше да ни ги раскажува баба Велика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)