нив (зам.) - за (предл.)

Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така разговарајќи го поканија калуѓерот еден дедо и една баба да преноќева кај нив за денов, макар што немаа што да го нагостат и напојат како порано.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Причините на претензиите на Србите и на Бугарите се, се разбира, чисто политички, но освен нив има уште една: македонските наречја стојат едно до друго така блиску, едно во друго се слеваат толку незабележливо што, ако се признае едно од нив за српско или за бугарско, ќе треба да се признаат за такви едно по друго и сите соседни со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)