нив (зам.) - татко (имн.)

Еве вистина, стрико, сет тие пилиња кај нас и везден кај се бараат и не можат да се видат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Разгледувајќи ги урнатините, Богуле наеднаш ги забележува во нив татка си и мајка си каде што лежат мртви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше 'и колнала мајка му и татко му да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат еден други и да не се најдат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како санким на нив татко им да им ја пишал!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Овој е дедо ми и баба ми, зад нив татко и мајка, па моите тети и вујковци. Тука татко ми во Америка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)