нив (зам.) - таа (зам.)

За луѓето од нејзините спомени таа беше дом, место за сонување, за посакување, за тагување, за радување, за враќање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За сите нив таа беше само засолниште, топло место да се презими, да се прехрани, да се размножи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За нив таа како да не постои иако секој ден по неколкупати поминуваат покрај неа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој пат како да ја послуша мајка Перса оти кога тој појде зад нив таа се сврте и му проговори Ти чувај ја куќата, а јас нив ќе ги чувам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Каде ли се најде кај нив таа сила во зимски услови, по студ и снег, виулица и лавини да работат по цели денови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)