нив (зам.) - му (зам.)

Каде, кај кого во Прилеп, не му кажуваа, но отворено му се заканија дека ако одбие да ја изврши заповедта, не само што ќе го затворат веднаш, туку овој пат нема да го пуштат жив да излезе од затвор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Утрото ги собраа мажите на срецело и пред сите нив му заповедаа на Ѓорета Дамчески да ја натовари бомбата на воловска кола и сам да ја отера во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Живееше тој во Малесија, каде што секој кога ќе тропне на врата наоѓаше заштита, ако на стопанот некој од нив му убил и брата.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За миг едниот од нив му ја фати уздата на коњот, вториот се нафрли на Турчинот да го кутне од коњот, а третиот извика: - Сега ќе видиш зашто се караме, бре Назлам-бег!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ништо, не плаши се Михаил! Сега ќе го врзе Стоица! - го охрабруваше Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сјајот што го забележа во нив му кажуваше дека состојбата на новиот пациент е стабилна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еднаш еден од нив му направи голема гребеница на раката кога тој посегна да фати една кокошка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можам да разберам само дека некој некому межу нив му продава рачен часовник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој се измеша со другите и допирот со нив му беше пријатен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа и со нив му нареди Господ Бог да прими прелесен покој.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Блажени да се твоите пречесни раце, од нив му слезе на твојот народ богоразумен облик и ги напои со божествена роса нашите срца изгорени од сушата на гревот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Мислам дека некои од нив му се познати и нему - заврши Јана и покажа кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сепак, твојата последна симпатија изгледа не успеа да ја убедиш дека времето е најдобар исцелител? - студено ѝ префрли Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш едниот од нив му открил оти и тие забележале дека нешто необично се случува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со нив му стануваше јасно зошто толку многу се намножуваа границите на Балканот, по падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако ќе го истопли лицето и ќе ја испушти лулата, се подзавртува со грб кон силните зраци, зашто од нив му се мешаат боите на конците, и замижан извесно време додека ги распознае убаво боите, продолжува да везе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)