Но двата склопа од спротивставени вредности вопшто не се сосема идентични, а разликите меѓу нив упатуваат во занимливо расклонети насоки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И силата/страдањето и гламурозноста/абјектноста би можеле да се сведат на поедноставна формула, на општа равенка, на основна структура дефинирана со бинарноста моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, класичниот есеј на Ричард Дајер „Џуди Гарланд и геј-мажите“ ја истакнува нејзината „комбинација од сила и страдање“, посочувајќи ја како извор на нејзината геј-привлечност.423 Таа комбинација навидум на извесни начини соодветствува со комбинацијата на гламурозноста и абјектноста што ја издвојува кинематографската персона на Џоан Крафорд и што, барем делумно, ја објаснува моќта што ја има врз своите геј-обожаватели.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби нема да ја оспори целата анализа што ја изнесов, бидејќи сите тие геј-икони пројавуваат понекоја од одликите што ги пројавува Џоан Крафорд: склоност јавно да „се изгубат“, дарба за мелодрама и за патос, нестабилна смеса од гламурозност и абјектност, изведби на конвенционална (или претерана) женственост кои се поголеми од животот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)