нив (зам.) - треба (гл.)

Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Знаменитостите на милионскиот Брисел, кој е расположен на огромна површина, можат бргу да се разгледаат иако за нив треба да се оддели помалку време отколку за Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најсветлата точка на „Пигал“ е спектаклот „Мулен Руж“ кој блеска со сета раскошност од бои и светла и каде што, како и во „Фоли Бержер“, секој нема пристап зашто за разонода во нив треба да имате подлабок џеб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште повеќе, што тие согледале дека со нив треба да се разговара како со рамноправен партнер, пред сѐ, со движењата кои биле предводени од комунистите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од нив требаше да се ослободат и јазиците на балканските народи кои биле под турско со векови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со оглед на пречките ( од црните кон млечните) при ваков рај, крај, бај и белина во целина - Црните вреќи беа диви и онака, воопшто тивки; во нив требаше да има сливи но сепак израснаа тикви наполно, наполно криви и никако црни наполно, безмилосно криви и за самите срни. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 147
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој снег е прекрасен што ќе им прости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Срните станаа негови гости. Црните вреќи умираа во пцости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако ги молиш, си го јал стапот, братче, оти нив треба за жени да ги земеш, а и тогаш ќе ти даваат само по пола, ха-ха-ха...“, тој се подзасркна од сопствената шега.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега од нив треба да побара нешто сосема спротивно од она што го бараше пред десет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, сега од нив треба да побара да не ги кријат своите деца, да не ги враќаат од фронтот ноќе, како криминалци, со автобуси, по гаќи и по чорапи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му рече дека ќе го однесе на едно посебно место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дека секој од нив треба да го стори тоа сам. Му пречеше само тоа, што му ја валкаа оваа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И на нив треба да им се прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Меѓутоа, тие не би требало само да се придодаваат, туку од нив треба да се добие еден нов, хибриден облик.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во јазиците насилно влегувале османскотурските зборови, тие ја следеле власта, со нив треба да се пресметаме!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега и за нив треба да живееш и да им пружиш подршка и сигурност во животите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И нив треба да ги уништи „надрасата“, „наднацијата“.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
А, тука беше и Мајка, децата, семејството, и на нив требаше да се мисли на дофатот на конечното решение на излезот од егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не, рипчиња не, за нив треба аквариум, а тоа е скапо... Мама уште не се вработила... замислена е и молчалива..
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Е, нема другпат - токму сега - зашто се мало место и за нив треба да знаеме, дури предлагам да ги поканиме на соработка!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И да не бевте формални емигранти избегани од својот роден дом (епскиот македонски збор вели: откорнатици!), сигурна сум дека моралниот кодекс на Твојот Татко и на Твојота Мајка врз целото ваше семејство ќе се пренесуваше на сосема ист начин и ќе си функционираше сосема идентично, создавајќи ви стандарди што безусловно ги определуваат сите ваши постапки и што е поважно! обврзувајќи ве тие стандарди да ги пренесувате на своите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)