нив (зам.) - стои (гл.)

До нив и меѓy нив стојат и тие кои дезертираа, кои потклекнаа, поткажуваа и предаваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Влезот во бањите го краси една скулптура на маж, кој крши патерици, а под нив стои испишано: стани и оди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Рада ѝ се заковаа очите во големиот долап од кој беа „исфрлени“ камени плочи, а на секоја од нив стоеја стари петли, ѓуѓуми, котлиња, самовари, стари мелници за кафе, стар австроунгарски шлем, и што уште не. Цела мала музејска поставка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, покрај големата блискост и двајцата чувствуваа дека меѓу нив стои една огромна планина, без желба да ѝ го освојат врвот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа гласот му го поклопија испреплетените звуци на хармониката и во тој миг во куќата на вториот кум бабите запалија свеќа и ја определија првата тажачка со покорност и со сув плач - нивна врсничка им доаѓа, пред сите нив стои една и последна врвица по која се чекорилесно и нечујно, со насмевка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад нив стои Жења и дрнка со гитарата, како ништо да не ми рекла пред тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До нив стои вооружен вод војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нив стоеше една голема карпа, сета црна, неа снегот ја покриваше како бела, развласена шубара.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До него стојат двајца малолетници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На неколку чекори од нив стои третиот малолетник.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зад нив стојат диктатура, партија, група, мафија, шема на мислење, идеологија. (...) Сѐ што тие не пропагираат, во нивните очи нема право на постоење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Мојата ракија ја излокавме кога го палевме Дмитар-Пејко, тажно воздивнал Трипун Караѓоз. - За богдапрости. А ми се пие, душава се трга од мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад нив стоел Богдан Преслапец. Црна земјо штура земјо зошто си се отворила? Ракија нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До нив стоеја двајца партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)