Климент Камилски не успеа, како што предвидуваше неговиот професор од Сорбона М.П. Фоконе (M. P. Faucaunnet), со својата докторска дисертација За психологијата и однесувањето на детето, на балканското посебно, еден ден да биде посебен прилог за моделирање на педо-психолошкото влијание и движење во неговата земја и пошироко на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пријателката ѝ одговорила со повишен глас: - А што мислиш ти, дали ти, госпоѓо моја, нема да плачеш ако ти умре твојата ќерка!? И пријателството од тој ден меѓу нив престанало.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Книгите го губеа поранешното значење, голем дел од нив престанаа да живеат, освен неколкуте во кои беше останала пепелта од испушените цигари врз страниците каде беше задржано Татковото фениксовско присуство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)