Во популарната култура се наоѓаат препознатливи симптоми на она што е длабоко затрупано во Уметноста, односно симптоми на ниското, нагонското, она во доменот на Она (односно Ид), значи реалното, несвесното, што одбива експресија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таа светлина, значајната Фројдова ревизија што се случи во текот на дваесеттите години може да послужи и како базичен модел за диференцирање внатре во популарното на безбеден „mainstream“ (да го наречеме тоа „уметност на среќата“) и на различни форми на радикална и критичка продукција којашто се храни со истиот јазик како и „меинстримот“, но и се отвора спрема многу покомплексните ефекти на задоволство што некоја појава ја прават популарна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа добро се продава, Дамиен Хирст и во Њујорк достигнува рекордни цени, уметниците се присутни во медиумите, за нив пишуваат мнозина: од крајно елитните арт-магазини (како што е „Parkett“) па до модните и трендовски списанија (како што се „Vogue“ или „The Face“).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)