нив (зам.) - мора (гл.)

А нив мораш да ги возиш (покрај ова и пливањето, најтешката работа во животот).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше тука и повратениот кураж, и една чудна решеност, а Претседателот ги имаше смислено сите зборови, и тој нив мораше да ги рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај нас, ако ми верувате, секојдневно пристигнуваат бројни, најразлични барања за финансиска помош, но ние на сите нив мора да им објасниме дека едноставно нашата работа не оди на тој принцип, ние однапред планираме, изготвуваме нацрт план за буџет кој е определен точно во сегментите во кои се занимава оваа организација.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)