Некои од нив знаат сјајно да работат со ведетите, а други имаат добар нос да откријат непознати.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Притоа секое од тие клинчиња се престројуваше во некакво малечко, смешно и непослушно животинче, секое од нив знаеше врашки, да измрда од меѓу неговите големи прсти, но тој не ги пушташе нив така лесно, не ги оставаше, сѐ додека секое од тие вражиња не беше заковано токму на она место каде што го сакаше тоа тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кога ги видоа големите чаши ракија пред нив знаеја дека се родени под крвава ѕвезда во еден гроздобер кога лозите цицаат од земјата само отровни сокови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Една од причините поради која не им веруваме на вестите соопштени на некоја телевизија - независно од тоа што за некои од нив знаеме дека се вистинити - произлегува од погрешниот тон со кој тие се соопштени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)