нив (зам.) - гледа (гл.)

Ни самиот Мисирков не е задоволен од нив, но ги прифаќа како важен почеток и во нив гледа можности за натамошно проширување и разработување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секогаш на нив гледа потценувачки и за нивните маки нема разбирање Вели: - Јас:признавам само херојство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За некои луѓе и празното добива облик – оттаму им се појавуваат сеништа и чудовишта, луѓе и ѕверови, незамисливи пејзажи кои разнежнуваат или ужаснуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Размислував за нив гледајќи ги седнати на асталот еден покрај друг и се прашував што ли ги спојува овие две суштества толку различни едно од друго.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)