Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проучувањата на искуствата во раното детство наидуваат на тешкотии: децата не можат да ни соопштат, на јазикот што ние го разбираме, а ние најчесто не се сеќаваме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Денеска Калчо нѐ извика и со шепотење доверливо ни соопшти: - Знаете ли каде се врти Славчо?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)