Последниве, напротив, ништо не ни зборуваат за Бугарите, а повеќе за српското име во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знајте дека и јас, и браќата Вангел и Тиро, како и татко ни зборуваме грчки одлично.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како да е господ или свето лице ни зборува Андреја Тарковски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Песните и паролите не ни беа туѓи. И таму, во далечните романски градови, во кои нѐ одведоа за да се спасиме од војната, само за војна ни зборуваа нашите воспитувачи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И пред тоа, речиси цела година, таму во рововите и во земјанките, и пред одење и враќање од борба, политичките секретари во името на партијата, најлошо ни зборуваа за Тито.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нејзиниот тивок глас како да ни зборуваше: - Одете, малечки мои, еве го патот, одете, не предавајте се !
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
V Денеска учителот ни зборува за првобитните луѓе, кои јаделе корења и трева.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Плачевме, иако пред малку сите ни зборуваа да запреме веќе еднаш.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чанга ни зборуваше и за други работи за да ни го оттргне вниманието.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Писателот сака да ни зборува за друга работа, како Орвел со својата фамозна фарма, како Лафонтен во своите басни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Никогаш Мајка не ни зборувала толку многу и за толку значајни настани од историјата на семејството. Ние сега си се чувствувавме позначајни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)