нешто (зам.) - убаво (прил.)

Инженерот и самиот се насмевна кога ме виде мене насмевнат со насмевка на дете што се радува на нешто убаво, а чудно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не си каснала нешто убаво што ќе ти се врати на лицето, на кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кажи и ти нешто убаво, му вели Оливера Поточка на Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)