нешто (зам.) - повеќе (прил.)

Благодарам, благодарам, и Ве молам: ќе ми кажете ли нешто повеќе за тоа, оти многу сум, љубопитна!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)