нешто (зам.) - ко (прил.)

Ме трга нешто ко магнет и никако не ме попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам замелушено, замаено и во ушите ми црцори нешто ко штурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене нешто ко врапче ми првнува овдека вака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме стега нешто ко неразгазен чевел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само малку ги подотворил очињата, а во нив нешто ко чад, ко облаче влезено. Ко налеиште насобрано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас само се загледувам, само да барам нешто ко за него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)