нешто (зам.) - му (зам.)

Нешто му е познато, нешто не разбира. Матна му е главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
БАБА АНЧА: Еве го иде... (продолжува да иде во средба од Илија, го дочекува и нешто му говори).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нешто му се накрева оздола, откај петиците и го кине во градите, во грлото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме гледал така и чул нешто му тропнало. Господе боже, може да му тропнала пиралката, може да џвркнала водата кога ги цедев алиштата, кога ги усукував. И водата кога џврчка, така прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На деда Гера нешто му текна и го тргна кавалаот од уста.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто му велеше дека дедо му можеби не е виновен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто му рече и го остави. Србин се повлече, тргна веднат кон Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)