нечиј (зам.) - софра (имн.)

И како таа сила подоцна, на враќање, да ги известувала селата што им биле на пат или во близината на патот да остават на видливи места стомни со ракија, венци лук и сено - минуваат чумосани сеништа што не ќе се смилостиват под влијание на туѓа добрина да не се стрчаат со итрина на стаорци и да не ја седнат крај нечија софра смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)